18 Мај, 2024
0.0279

Совети како да се однесувате на вашето работно место!

Објавено во: Стил 20 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Од исклучително голема важност е да знаете како да се однесувате на вашето работно место. Односот кон колегите и сфаќањето на работните задачи можат да ве позиционираат помеѓу високоценетите и способните личности во компанијата на кои колегите можат да се потпрат во смисол дека правилно, прецизно и коректно ќе ја завршите работата. Доброто бизнис однесување ќе ве издвои од конкуренцијата. Кога внимавате на вашето однесување и на чувствата на останатите, ќе ве сакаат повеќе и полесно ќе ви биде да се истакнете.

1. Придржувајте се кон златното правило

Никој не сака и не почитува силеџии. Не ја користете својата позиција и моќ за да ги напаѓате колегите и соработниците. Освен тоа што ризикувате да ја загубите лојалноста на колегите, треба да се сетите на тоа и дека многу е можно баш некој од тие колеги да ви биде претпоставен во иднина, па тогаш да ги почувствувате последиците од вашето однесување на сопствена кожа.

 2. Облекувајте се пристојно

Секогаш обидувајте се да се облекувате во согласност со работното место, за да бидете третирани онака како што заслужувате. Иако облеката не го прави човекот, бидете сигурни дека визуелниот впечаток игра огромна улога. Дури и ако се двоумите што да облечете за некој официјален настан, интервју за работа или состанок- подобро е да се дотерате, отколку да отидете во вашата секојдневна облека.

3. Не ги заборавајте значајните датуми

Честитајте им го роденденот на колегите. Тоа ќе им покаже дека ви значат и дека ако ништо друго, го цените фактот што со нив го поминувате своето работно време.

4. “Скротете“ го вашиот мобилен телефон

Тивко ѕвонење, вибрации или некоја едноставна ненападна мелодија- ова се опциите за тоа како би ѕвонел вашиот телефон на работа. Слатките и досадни рингтонови можат да ги нервираат вашите колеги. И да- за време на состанок, не го прекинувајте разговорот поради некој ваш телефонски повик (освен ако не станува збор за повик од огромна важност)

5. Научете се како да комуницирате преку електронска пошта

Проверувајте ги вашите мејлови пред да ги пратите, за да избегнете печатни грешки кои делуваат крајно непрофесионално. Ставете наслов на мејлот. Одговорете на пораките кои ви се испратени преку мејл во рок од 24 часа.