18 Мај, 2024
0.0265

Совети како да се релаксирате најдобро!

Објавено во: Стил 23 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Колку пати ви се случило да користите одмор за намена? Повеќето луѓе со нетрпение чекаат да се одморат, но не знаат како да добијат одмор. Па време е да научите како да се релаксирате !

Дури и да сте најголемиот “воркохолик“, доаѓа момент кога ви е потребен одмор, затоа што физичката и психичката исцрпеност ве прават крајно нервозни на работното место. Колку и да имате работа, тоа не е оправдување за да не се релаксирате. Сепак фирмата нема да банкротира ако вие си дозволите неколку дена одмор, а имате 20 дена годишен одмор кој треба да го искористите.

На одморот треба да гледате како добра инвестиција во себе. Одморот е време кога треба да ги наполните батериите, да се ослободите од стресот и напнатоста, да посветите внимание на вашите драги луѓе и одморени повторно да застанете на стартната линија.

Проблемот е што повеќето луѓе не го користат одморот наменски.

Не се чувствувајте виновни ако сте дома и ги тресете нозете. Не поврзувајте го одморот со мрзеливост и ослободете се од чувството на вина дека сте бескорисни. Запомнете дека имате заслужен одмор, и во никој случај тој не го користете за да завршите некои дополнителни обврски. По можност исклучете го и службениот телефон и обидете се да не се оптоварувате со мисли за работа. Во спротивно ќе го уништите одморот.

Читајте книги, списанија, гледајте филмови, спијте доволно. Активен одмор е исто така и ефикасен начин да земете здив - излегување со пријателите, трчање или прошетка во паркот, одмор на планина или море, кратко патување во друг град или држава.

По еден одмор со целосно релаксирање освен што ќе се чувстувате одлично, ќе изгледате и одлично, бидејќи емоционалната состојба особено силно влијае на надворешниот изглед. Па така, ако колегите ќе ви кажат дека изгледате свежи и подмладени, не бидете зачудени.

Ако научите како да се одморите, ќе знаете како да го направите тоа со два и со дваесет дена.