19 Мај, 2024
0.0617

Совети: Кога на интервју за работа да прашате за висината на платата?

Објавено во: Стил 16 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Сигурно веќе многупати сте слушнале како на разговорите за работа не е добро да се разговара за висината на платата. Меѓутоа, експертката Елен Слајтер од страницата за вработување Monster.com тврди како всушност можете да ја споменете платата се додека тоа го правите внимателно, но не и додека не сте сигурни дека компанијата е заинтересирана да ве вработи, пишува Бизнис Инсајдер.

Слајтер смета како прашањето за плата е паметно да се изнесе порано во процесот бидејќи тоа ќе ви го заштеди губењето на времето заминувајќи на додатни разговори, но и да се заљубите во фабриката која вас не може да си ве дозволи.

„Раниот процес на интервјуирање служи за меѓусебно запознавање, во кое се обидувате да откриете дали добро се вклопувате во улогата“, вели експертката. „Парите се дел од тоа и никој не сака да го губи времето на интервјуа со компании кои не можат да го задоволат очекувањето на платата“. Меѓутоа, на работодавачот сигурно не сакате да му дадете погрешна идеја. Никогаш немојте да давате до знаење дека парите ви се најголема грижа или дека платата е единствената работа која ве мотивира за работа.

Исто така, прашањето плата не е добро да се постави прерано бидејќи можеби ќе останете со кратки ракави. Чекајте до вториот или третиот разговор за расправање околу платата и тоа единствено ако навистина сте сигурни дека ќе ви понудат работа, вели експертката. Притоа оставете простор за преговараеа. На пример, можете работодавачот да го запрашате: „Го имате ли на ум можеби опсегот на плата за оваа позицја?“, заклучува Слајтер.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“