19 Мај, 2024
0.0254

Совети кои ќе ви помогнат да имате мирен сон и да се разбудите наспани

Објавено во: Стил 25 Октомври, 2015

Добивај вести на Viber

Хорничната ненаспаност може да биде голем проблем кој ќе се одрази на многу полиња од вашиот живот. Големиот стрес во животот многу често ни го кради сонот, а утредента пак недостатокот на сон не прави нерасположени и уморени. Тоа се одразува и на физичкиот изглед и на нашата психа.

Еве како да го промените тоа и да се наспиете

1. Направете си распоред.

Одредете колку часа спиење ви се потребни за да се разбудите наспани и полни со енергија. Потоа во зависност од тоа кога треба да станете, пресметајте кога треба да си легнете. Секој ден следете го тој распоред. Легнувајте си и станувајте во исто време. Следете го распоредот дури и за викенд. Така ќе го привикнете вашето тело.

2. Креветот служи само за спиење и секс.

Ако го користите креветот за гледање телевизија, читање книга или јадење, кога ќе си легнете да спиете, инстинктивно ќе сакате да пуштите телевизија или да продолжите со читање.

3. Кога не сте уморни – не си легнувајте.

Ако поминале 15 минути и вие се уште се обидувате да заспиете, тогаш најдобро е да станете. Започнете да правите нешто што ќе ви е досадно. Така сигурно ќе почнат да ви „паѓаат“ очите.

4. Намалете го кофеинот.

Внимавајте со вечерната употреба на пијалоци или јадења кои што содржат кофеин. Енергијата што ви ја дава кофеинот ќе ве држи будни или ќе ви го наруши длабокиот сон. Кафето не е единствениот пијалок што содржи кофеин. Кофеин има и во газираните пијалоци.

5. Опуштете се

Пред да си легнувате да спиете, обидете се да се релаксирате. Така ќе се ослободите од стресот. Топлата бања, медитирањето или тивката музика ќе ви помогнат да го направите тоа.

6. Вежбајте

Ако вежбате 2 часа пред спиење тоа ќе ви помогне да заспиете побрзо и да спиете цврсто цела ноќ.

7. Спијте во темно.

Човечкото тело е програмирано да се разбудува кога е светло и да заспива кога се затемнува. Најдобро е во вашата спална да биде темно додека спиете, за да не ви се прекинува сонот.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“