06 Декември, 2025
0.0266

Совети за ублажување на забоболка

Објавено во: Стил 18 Мај, 2014 20:21

Добивај вести на Viber

Расипаниот заб е примарна причина за забоболка кај повеќето деца и возрасни. Бактериите кои живеат во вашата уста се хранат од шеќерите и скробот кои се внесуваат со храната. Овие бактерии формираат леплива плака која се прицврстува за површината на забот.

Киселините кои ги продуцира самата бактерија, можат да ја нагризат цврстата облога на забот, креирајќи кавитет. Првиот знак на расипан заб може да биде чувството на болка кога јадете нешто благо, нешто многу жешко или ладно. Забоболката означува и дека вашиот стоматолог ќе треба да го поправи вашиот заб. Совети за домашно лекување Додека не го посетите вашиот стоматолог, пробајте го следново: - Исплакнете ја устата со топла вода (не жешка) - Употребете дентален конец за да ги отстраните остатоците од храна помеѓу забите - Земете некој аналгетик за да се ослободите од болката - Аплицирајте антисептик на заболениот заб и на непцето околу него за олеснување на болката Јавете се на стоматолог ако: - Имате знаци на инфекција, како на пример оток, болка при џвакање или воспалено непце - Болката перзистира повеќе од два дена - Имате забоболка пропратена со треска - Имате тешкотии со дишење и голтање

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: