„Советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот“: Крстевски - единствен кандидат за градоначалник на Кочани

Објавено во: Македонија 11 Април, 2025 17:35
Советникот во општина Кочани, Венко Крстевски од кандидатска листа поддржана од група избирачи, најави дека е подготвен да ја извршува функцијата в.д. градоначалник по оставката на досегашниот градоначалник Љупчо Папазов, кој е осомничен и во притвор за пожарот во дискотеката Пулс во кој животот го загубија 61 лице, а околу 200 се повредени.
На својот Фејсбук профил, Крстевски како независен член на Советот, оценува дека другите советници, посебно од партијата на власт, се трудат да го избегнат изборот на в.д. градоначалник, поради што тој решил да ја истакне својата кандидатура за функцијата во наредните шест месеци, иако очекува опструкции при изборот.
- Оваа недела стана јасно дека советниците на власта со максимални напори се трудат да го избегнат изборот на В.Д. Градоначалник во Кочани. Дали се неспособни, плашливи, партиски послушници, оценете вие сами.
Во образложението за кандидатирата тој нагласува дека досега во Советот имал над илјада дискусии и преку 200 советнички прашања, од кои дел се прифатени и реализирани. Исто така, во изминатиот период дал поддршка на сите граѓански протести и штрајкови, а се спротивставувал и на сите политики што не се во интерес на граѓаните, без разлика кој ја имал власта.
Крстевски е единствениот кандидат кој јавно искажал намера да биде в.д градоначалник на Кочани во следните шест месеци.
Изборот на в.д. градоначалник е закажан како единствена точка на дневниот ред на 62. седница на Советот на Општина Кочани, што треба да се одржи в понеделник во 12 часот.
Фото: Принтскрин/ФејсбукМожеби ќе ве интересира
ГО КРШЕЛЕ КАТАНЕЦОТ И КРАДЕЛЕ ВО ОБЈЕКТ НА МЖ ИНФРАСТРУКТУРА: „Пленот“ вреди 1.239.000 денари

„ВРИЕ“ ПОЛИЦИЈА КАЈ ГРАДСКИ ПАРК: Ќе играат Вардар и Црвена Ѕвезда

ОДЗЕМАЊЕ НА ПАСОШ, ЗАБРАНА ЗА НАПУШТАЊЕ НА ЖИВЕАЛИШТЕ: Мерки за шест уапсени полицајци за пожарот во Кочани

СОСЕЛАНИТЕ СО ЧАСОВИ ГО БАРАА: Најдено е момчето од Тремник кое беше пријавено за исчезнато

ОБВИНИТЕЛСТВО ЈА ПОЧНУВА ИСТРАЖНАТА ПОСТАПКА ПРОТИВ АРИФИ - сакал 100 илјади евра за да смести старо лице на Геријатрија

„КАКО МОЖЕ НИТУ ЕДЕН ОД АКТУЕЛНИТЕ НАЧАЛНИЦИ НА МВР ДА НЕ СЕ ВИНОВНИ, А ПРИВЕДЕНИ СЕ ПЕТМИНА ПЕНЗИОНИРАНИ“ - СДСМ со реакција за најновите апсења на МВР

ПО НЕСРЕЌАТА ВО КОЧАНИ, НА ДВАЕСЕТИНА ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ЗАЗДРАВУВАЊЕТО МОЖЕ ДА ИМ ТРАЕ И ДО ДВЕ ГОДИНИ: Веќе направен е списокот

СЕ ТРАГА ПО 22 ГОДИШНО МОМЧЕ ОД СЕЛОТО ТРЕМНИК - имало здравствени проблеми, СВР Велес ги презема сите потребни мерки
