Советникот на премиерот Заев, Дане Талески ќе биде нов амбасадор во НАТО од земјава
Објавено во: Македонија 10 Декември, 2019 10:57
Дане Талески, кој сега ја врши функцијата национален координатор за НАТО, и е советник на премиерот Зоран Заев за надворешна политика, ќе биде новиот прв амбасадор на Северна Македонија во НАТО, брифираат од Владата.
Дане Талески ќе биде избран на новата функција во четврток на владина седница.
Според информациите, решението Талески да биде амбасадор на земјава во НАТО е усогласено и со претседателот на државата, Стево Пендаровски.
За Канцеларијата во седиштетото на НАТО во Брисел владата неодамна издвои речиси три милиони евра.
„За купување и адаптација на деловен простор во седиштето на Северноатлантската алијанса во Брисел за потребите на Мисијата на Македонија при НАТО предвидени се 2.872.255 евра за купување 996,37м2 (878,10м2 нето) на административните простории, за паркингот и за реализација на градежните работи на адаптација“, соопшти неодамна Влада.
Можеби ќе ве интересира
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите




