СПАСЕН ЗАЛУТАН ПЛАНИНАР НА ПЛАНИНАТА КОЖУФ - ноќта ја поминал на отворено, но поради влошените услови загубил ориентација

Објавено во: Македонија 06 Април, 2025 15:52
Залутано лице кај Мрежечко на планината Кожуф, Кавадаречко е пронајдено по брзата реакција на надлежните институции.
Како што споделија од Центаро за управувње со кризи, денска, во 13.15 часот, на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, е добиена пријава за залутано лице на планината Кожув, во близина на местото Мрежичко.
- Лицето било планинар од Скопје, кој претходната ноќ ја преспал во планината, но поради лошите временски услови и наросувањето од снег, загубил ориентација и решил да побара помош од службите. Од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК), беа известени СВР Велес, ОВР Кавадарци, Гранична Полиција „ЈУГ“ Итна Служба, како и Општина Кавадарци и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Во 14.00 часот, лице од општината во Кавадарци кое го познавало теренот, стапило во контакт со залутаното лице и по кратко време го пронашол и со теренско возило го однел до безбедна куќарка во близината каде што бил згрижен - соопштуваат од ЦУК.
Подоцна од страна на граничната полиција „ЈУГ“ лицето е транспортирано до градот.
- Оваа брза и координирана интервенција резултираше со успешно пронаоѓање на лицето, благодарение на тимскиот пристап и професионалноста на службите во Системот за управување со кризи (СУК). Особен придонес, со личниот ангажман и вклученост во потрагата, даде градоначалникот на Општина Кавадарци, како и со ангажирање на локални ресурси и ефикасна координација меѓу институциите - нагласуваат од ЦУК.
Фото: Архива
Можеби ќе ве интересира
НИ ТРАГА НИ ГЛАС ОД ИСЧЕЗНАТОТО ЛИЦЕ ОД СТЕПАНЦИ: Се бара веќе цела недела

АКТУЕЛНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА НЕ Е ОПФАТЕН ВО ИСТРАГАТ ЗА „ПУЛС“: Коцевски и Тошковски со деталите

АМБАСАДОРОТ ВО НОРВЕШКА И ИСЛАНД Е ЕДЕН ОД ОСОМНИЧЕНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Кој е Дритон Куќи?

ДВАЕСЕТ МАЛОЛЕТНИЦИ ЗАТЕКНАТИ ВО КЛУБ ПО ПОЛНОЌ: МВР ги предало на родителите, а ќе следат и пријави

НИКОЛОСКИ СЕ ПОФАЛИ: „Го обележавме светиот чин на големата молитва за нашиот мал Ноах“

ЛАЖНА ВЕСТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЏАМИЈА ЈА „ТРЕСЕ“ ГАЗИ БАБА: „Целта е меѓуетнички тензии , вели Стефковски“

ЛЕВИЦА: За Тошковски засилените контроли беа само пи-ар

„АХМЕТИ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА ТОА ШТО ИМ ГО НАПРАВИ НА АЛБАНЦИТЕ“: Еве што вели Касами

„ИГРАЈТЕ БАСКЕТ СЕГА ПО ЗАТВОРИ“: Д-р Лазаров за ДУИ
