17 Април, 2025
0.0599

ЛАЖНА ВЕСТ ЗА ИЗГРАДБА НА ЏАМИЈА ЈА „ТРЕСЕ“ ГАЗИ БАБА: „Целта е меѓуетнички тензии , вели Стефковски“

Објавено во: Македонија 13 Април, 2025 12:13

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски демантира дека во неговата општина се гради нова џамија, откако на фејсбук групата „Ѕид на општина Гази Баба“ беше објавена таква вест.
ЛАЖНИ ВЕСТИ НА ЅИДОТ НА ОПШТИНА ГАЗИ БАБА!

Почитувани граѓани,

Изминатиот период секојдневно сме сведоци на голем број објави на “Ѕидот на општина Гази Баба” кој имаат за цел да дискредитираат, навредуваат, омаловажуваат и крајно да ги манипулираат граѓаните со нивната лажна содржина.

Последниот пример беше вчера со објава дека на одредена локација се гради некоја градба - верски објект Џамија. (Целта на вака креираната вест е создавање на меѓуетнички тензии).

Утрово ја задолжив инспекцијата ВЕДНАШ да излезе на терен и да констатира за што станува збор.

По направениот увид, инспекторите констатираа дека на посочената локација НЕМА НИКАКВИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ, односно не се гради никаква градба.

Почитувани сограѓани,

Приоритет број 1 на мојот мандат беше создавање ОТВОРЕНА ОПШТИНА и во тоа успеавме.

Секојдневно примам десетици граѓани и одговарам на многу прашања, но ова не го кажувам за да се жалам или фалам, бидејќи тоа е и работа на градоначалникот и јас не бегам од тоа.

За жал некој луѓе водени од личните политички амбиции изминатиот период на “Ѕидот на општина Гази Баба” секојдневно објавуваат вести со лажна содржина, но и вести и проблеми кои не се во надлежност на општината.

Не сите граѓани имаат информации по однос на надлежноста на институциите, но администраторите добро знаат која надлежност на која институција припаѓа, бидејќи истите до неодамна беа носители на јавни функции.

Демократијата подразбира отвореност во која граѓаните ќе можат да го истакнат своето мислење, барање, критика и слично, но демократија не е креирање на 20 до 30 вести со лажна содржина во текот на денот!

Продолжуваме со одговорна, чесна и посветена работа да ги решаваме проблемите на граѓаните, но мораме да се бориме и со вестите со лажна содржина чија цел е манипулација на граѓаните.

Како градоначалник, јас и моите соработници сме отворени 24 часа, секој ден во неделата за секој проблем, мислење или барање од граѓаните. Без разлика дали тоа било барање за инфраструктура, или барање за хумана акција СЕКОГАШ сум постапувал ВЕДНАШ без разлика дали е сабота или недела, празник или обичен ден. И така ќе биде се до последниот ден од мојот мандат!

Тука сум за да им служам на граѓаните и така ќе продолжам и во иднина!“ вели Стефковски.



Можеби ќе ве интересира

ПРЕБЛАГА Е КАЗНАТА ЗА УБИЕЦОТ НА ТЕОДОРА: ОЈО ја обжали пресудата на судот во Тетово

ПРЕБЛАГА Е КАЗНАТА ЗА УБИЕЦОТ НА ТЕОДОРА: ОЈО ја обжали пресудата на судот во Тетово

Директорот на Железници Инфраструктура: Ќе ја уапсиме цела криминална банда што краде

Директорот на Железници Инфраструктура: Ќе ја уапсиме цела криминална банда што краде

ОД ДЕНЕСКА ПА ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ: Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел

ОД ДЕНЕСКА ПА ДО КРАЈОТ НА МЕСЕЦОВ: Сообраќајот на автопатот Демир Капија-Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел

СЕПАК ТРЕБА ПОЗНАВАЊЕ ОД ХЕМИЈА: Еве како војската учи за хемиска стабилност на барути

СЕПАК ТРЕБА ПОЗНАВАЊЕ ОД ХЕМИЈА: Еве како војската учи за хемиска стабилност на барути

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа невреме во Македонија!

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доаѓа невреме во Македонија!

„ЦЕЛТА Е ДА СЕ ВРАТИ ДУИ ОД КЛИНИЧКА СМРТ“: „Врие“ во „Вреди“, критики за Таравари

„ЦЕЛТА Е ДА СЕ ВРАТИ ДУИ ОД КЛИНИЧКА СМРТ“: „Врие“ во „Вреди“, критики за Таравари

КАКО ПАЛЕВСКИ ЌЕ ГО ПЛАТИ АДВОКАТОТ ШТО ГО БРАНИ? Еве што вели Страшевски

КАКО ПАЛЕВСКИ ЌЕ ГО ПЛАТИ АДВОКАТОТ ШТО ГО БРАНИ? Еве што вели Страшевски

„АКО САКАМЕ ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ ЛУЃЕВО, ВЛАДАТА МОРА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ЛУКСУЗИТЕ“: Пратеникот на СДСМ, Костовски вели да не јадат папаја и манго

„АКО САКАМЕ ДА ГИ ЗАДРЖИМЕ ЛУЃЕВО, ВЛАДАТА МОРА ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ЛУКСУЗИТЕ“: Пратеникот на СДСМ, Костовски вели да не јадат папаја и манго

„ЈАС БИ КУПИЛА КАРТА ЗА МОСКВА, ЕУ Е И ЗАБЕГАНА И ИЗГУБЕНА“: Ванковска за изјавата на комесарката Кос

„ЈАС БИ КУПИЛА КАРТА ЗА МОСКВА, ЕУ Е И ЗАБЕГАНА И ИЗГУБЕНА“: Ванковска за изјавата на комесарката Кос