Спасовски на средба со ОБСЕ: Нема да дозволиме полициски службеници да влијаат на кампањата
Објавено во: Македонија 17 Ноември, 2016
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на работната средба со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Тана Де Зулиета, посочи дека ниту еден полициски службеник не смее и нема да се вклучи во предизборната кампања за да нема никакви влијанија врз изборниот процес..
На средбата двајцата соговорници разговарале за улогата на МВР во обезбедувањето на фер и кредибилни избори на 11 декември.
„ Министерот Спасовски ја истакна решеноста да се обезбедат услови за фер и демократски избори и потенцираше дека нема да дозволи ниту еден полициски службеник да се вклучи во политички кампањи односно дека нема да дозволи злоупотреба на човечки ресурси или материјални-технички средства за претстојната кампања на било која од политичките партии“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Спасовски денеска одржа работна средба и со шефот на на одделот за политички прашања во делегација на Европската унија, Лукаш Холуб.