19 Декември, 2025
0.0775

Спасовски најави платежни картички и за пензионерите и за стечајните работници

Објавено во: Економија 06 Јули, 2020 08:16

Добивај вести на Viber

Оливер Спасовски, техничкиот премиер на Македонија, синоќа на предизборна средба со граѓани од Чаир најави четврт сет на економски мерки за справување со последиците од корона-кризата со доделување платежни картички и за пензионерите кои имаат приходи до 15.000 денари, како и стечакните работници. невработените кои не се активни баратели на работа, како и секој самохран родител.

Пензионерите со пензии до 15.000 денари треба да добијат еднократна парична помош од 9.000 денари, додека стечаните работници за трошење ќе имаат 12.000 денари за купување домашни производи.

„Продолжуваме со конкретни проекти, не со лаги и манипулации што ги нудат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, рече Спасовски.

Претходно заменик претседателката на СДСМ и носителк на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во Петтата изборна единица Радмила Шекеринска, како дополнителни групи кои ќе добијат платежна картичка ги најави пензионерите со приходи до 15.000 денари и невработените лица кои не се пријавувале редовно во Агенцијата за вработување.

„Едната група се невработени лица кои не се пријавувале секој месец во Агенцијата за вработување и тие ќе имаат шанса да добијат кедитна картичка. Втората категорија ќе бидат сите пензионери со пензии под 15.000 денари.Тоа ќе значи дополнителни пари кај граѓаните но во исто време и подршка на домашните производи“, претходно рече Шеќеринска.

Зо трите сета економски мерки, според Владата, обезбедени се 550 милиони евра за граѓаните и за компаниите.


Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?