Спасовски: Од утре престанува да важи полицискиот час
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 26 Мај, 2020
Премиерот Оливер Спасовски попладнево на прес - конференција изјави дека Владата донела одлука од утре да не важи полицискиот час.
Ден подоцна ќе работат угостителските објекти, со утврден протокол
Од 1 јуни ќе престане да важи одлуката за одредени категории граѓани да се ослободуваат од работа.
Државниот карантин ќе се замени со домашна изолација за македонските државјани кои ќе допатуваат од странство.
Комисијата за заразни болести треба да направи проценка за отворањето на државните граници.
„Ова го правиме во координација со државите од регионот“, вели Спасовски.
Комисијата ќе треба да подготви протокол за работата на хотелите.
„Состојбата со коронавирусот е под контрола, а бројот на активни е стабилен“, рече премиерот.
Додаде дека им е познато од каде деновиве имаме зголемување, и рече дека кластерите се познати.
Вели дека вирусот останува тука, тој не е победен, но ако бидеме дисциплинирани ќе се заштитиме, а и ќе им помогнеме на здравствените работници кои се борат со пандемијата.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.