Спасовски по пукањето во Ист Гејт: Формиран штаб за да се најде сторителот
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2023
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се огласи по повод вчерашното пукање во Ист Гејт Мол и наведе дека во МВР е формиран штаб кој ќе треба побргу да го пронајде сторителот и да ги испита мотивите.
- Безбедноста на јавните места не е загрозена и полициските служби се на терен. Активно се работи и формиран е посебен штаб во МВР, приклучени се тука одделот за криминалистички работи и форензика. Сите заеднички прибираат информации и податоци, како и докази заедно со Јавното обвинителство со цел да се утврдат фактите и да се открие сторителот, меѓутоа и мотивите, рече Спасовски.
Според министерот, вакви инциденти имало и ќе има, а како што рече тој, на МВР му е задача постојано да ги разбива криминалните групи.
Двајцата ранети по вчерашниот инцидент имаат сериозни повреди, а МВР засега само објави фотографија од напаѓачот преку сигурносните камери, со повик до граѓаните да помогнат да се идентификува и пронајде сторителот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.