Пронајден убиецот во штипско Пиперово: Не се самоубил бранејќи се од диви свињи, туку бил застрелан од татко му
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2024
Не се самоубил бранејќи се од дива свиња, туку бил застрелан од татко му. Ова го утврди денеска полицијата, откако пред десет дена беше објавена вест дека ловџијата Иван Камчев несреќно си го одзел животот додека бил во лов на диви свињи во близина на штипско Пиперово.
54 годишниот T.K од село Дедино од Општина Конче вчера е лишен од слобода, а се терети дека врз неговиот 31 годишен син извршил убиство од небрежност. Пред десетина дена во атарот на штипското село Пиперово е пронајдено тело на 31 годишен сточар со прострелна рана, кој тој ден бил на лов на диви свињи.
Таткото и синот на 4 ноември биле во забранет лов на диви свињи. По наредба на судот е извршен претрес во домот на Т.К. и одземени се предмети што се од интерес на истрагата.
Локалните медиуми претходно објавија дека ловџијата загинал во несреќен случај. Првичната верзија на неговиот татко, кој случајот го пријавил на операторот 112 , била дека несреќата се случила во момент кога неговиот син бил нападнат од дива свиња, додека ги напасувал кравите.
При пукањето, според зборовите на таткото, тој се самоповредил и бил пронајден во бессознание од неговиот татко. Подоцна од страна на итната мрдицинска помош е констатирана смрт. Оваа верзија на настанот потоа ја утврдуваа полицијата и обвинитеството.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.