СЕ ОГЛАСИ ТОШКОВСКИ ЗА БОМБАТА ВО КЕРАМИДНИЦА: Најави борба против организираниот криминал
Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2024 14:34
Полицијата врши увид во Керамидница каде изутрината беше фрлена експлозивна направа во двор од куќа при што беше повредено едно лице кое е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Дел од медиумите јавија дека се работи за Раде Трајковски-Штекли, кој досега двапати беше мета на напад. Минатата година кон него беше пукано во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје.
- Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош, соопшти МВР.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски во врска со овој случај најави безкомпромисна борба против организираниот криминал.
- Добро е што немаме животозагрозувачка состојба на никого во овој момент, лошо е што криминалните банди си „хараат“ и денеска, но, соодветно, одлучно и сурово како институции ќе одговориме на сите оние кои што го „реметат“ мирот на македонските граѓани, рече Тошковски.
Во однос на прашањето дали можело да им се влезе во траг на напаѓачите, имајќи предвид дека нападот бил најавен на социјалната мрежа ТикТок, министерот рече дека ќе постапат во рамки на капацитетите што ги имаат.
- МВР не може да направи чуда, но може да работи чесно, посветено и професионално и во рамки на сето она што е надлежност на Министерството, согласно капацитетите што ги имаме, ќе постапиме. Нема да се мижи како што се мижело претходно, рече Тошковски.
Околу Градската општа болница каде е сместен повредениот има засилено полициско обезбедување.
Можеби ќе ве интересира
РАЧНО СЕ ЧИСТЕА И СПОМЕНИЦИТЕ НА ПЛОШТАДОТ: Продолжи генералката во Скопје
ЗА ЧУПЕСКА, ЈАВНОСТА Е КОНТАМИНИРАНА СО ЃУБРЕТАРСКА АКЦИЈА: „Ова би бил базичен минимум“
„КАКВИ БИТАНГИ, ТИЕ ШТО ГО ОВОЗМОЖИЛЕ ОВА“: Адвокатот Дуковски за тие што земале плата од Комунална а не оделе на работа
ДПА НЕ ДОБИЛЕ ПОКАНА ЗА ВЛЕЗ ВО ВЛАДА, АМА БИ ЈА ПРИФАТИЛЕ: Алиу вели дека ќе почекаат
„ВИ ГО ДАДОВ МОЈОТ ЗБОР“: Ѓорѓиевски се пофали со генералката на плоштад
БРАНКО ПОВТОРНО ФАТЕН ВО РЕСТОРАН: Овој пат на сликата е со министерот за администрација, Минчев
ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ: АИ ќе ја подобри дијагностиката во медицината
Дали е ова прв чекор кон приватизирање на јавните претпријатија? Левица тврди дека нови автобуси се набавуваат за приватните превозниси, не за ЈСП
„ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ЛУЃЕ КАКО ЗАЕВ, ФИЛИПЧЕ, ДОНЧЕВ, РАШКОВСКИ ДА ШЕТААТ СЛОБОДНО ПО УЛИЦИТЕ“: ВМРО-ДПМНЕ бара итна реакција од надлежните за корупцијата во МЗШВ





