Спасовски вели дека врз основа на шпекулации се прошири вест дека синот на Буши не застанал на полиција

Објавено во: Македонија 01 Декември, 2022
Првиот човек на Министерството за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во Само интервју на Канал 5 изјави дека беше креирана вест врз основа на шпекулации дека синот на заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши не застанал на полициски службеници.
Имало јавување од граѓанин дека одредено возило се движи со поголема брзина. Тој материјал е евидентиран, вели дека разговорот е снимен. Но, вели не станува збор за службено возило.
„Воопшто возилото не е стопирано од полиција, не е точно дека не застанал на полициска патрола“, рече Спасовски.
Кажа дека возилото не е на физичко лице, туку се води на правен субјект. Додаде дека станува збор за возило Мерцедес. Министерот кажа дека не се работело за синот на Буши. Спасовски рече дека никој не е над законот во државата.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Копаоник е отсечен, а отворањето на најдолгата стаза е одложено

Како една тепачка на наркодилери во Охрид, стигна до Брисел

Дали ќе одговара Стојанов затоа што бараше податоци за македонски полицаец?

По кршењето на македонскиот клуб во Благоевград, Левица бара протестна нота да му се врачи на бугарскиот амбасадор

МНР: Ќе реагираме до ЕП за навредите на Јорданов, Бугарија не спречи радикали да дојдат на Деве Баир

МАКЕДОНЦИТЕ ОД БУГАРИЈА: Веќе 17 години напади врз македонските клубови

Бугарскиот европратеник Јорданов ги нарече Македонците „одродени Бугари“

Љупчо Николовски: Крива Паланка покажа што е патриотизам и како не се потклекнува на навредите

Македонскиот полициски синдикат: Полицајците најпрофесионално покажаа како се чува безбедноста на граѓаните и државата
