СПАСУВАЧКА АКЦИЈА ВО БОСНА: Работник шест дена бил заробен на планина
Објавено во: Балкан 27 Декември, 2024 15:31
Работник шест дена бил заробен на планина кај босанскиот град Бихаќ на екстремни минусни температури.
Тој е спасен и е безбеден. Четиричлена екипа на ГСС Бихаќ тргнала од Заваље за да го спаси завеаниот работник на Плешевица, кој шест дена се криел во контејнер на екстремни температури и снег.
Како што велат, планинарската патека Заваље – Буква била непроодна поради над еден метар снег, па екипата одела по друг пат иако бил подолг.
„По осум километри, моравме да продолжиме пеш низ длабок снег користејќи чевли за снег. Работникот го најдовме околу 21.30 часот во контејнер, каде што помина шест дена поради невремето и студот. Беше неповреден и имаше доволно храна, но истоштен“, велат од ГСС Бихаќ.
На враќање движењето било забавено поради болката и заморот на човекот, што ја отежнало акцијата.
„По 12 часа и 26 километри поминати во искачување на 1.600 метри, акцијата беше успешно завршена во 4.30 часот со пристигнувањето во Заваље. Оваа тешка и исцрпувачка интервенција уште еднаш ја покажува одлучноста и подготвеноста на нашите екипи“, нагласи ГСС Бихаќ.
Снежно невреме го зафати Балканот. Во Босна и Херцеговина(БиХ) деновиве поради снежното невреме 200.000 домаќинства останаа без струја.Можеби ќе ве интересира
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството
(ВИДЕО) Вучиќ добил порака од Москва - како реагираше Фон дер Лајен?
ПАДНА ВЛАДАТА НА РОСЕН ЖЕЛЈАСКОВ: По масовните протести, бугарската влада си поднесе оставка
Вучиќ ќе се враќа на премиерското столче? „Немам намера да менувам Устав, но...“
Нафтената компанија од Абу Даби со понудата за купување на рускиот удел во НИС




