19 Декември, 2025
0.0479

Специјални поштенски марки за „Фискална во рака – награда без мака“

Објавено во: Економија 13 Јануари, 2014 13:06

Добивај вести на Viber

Наменски поштенски марки за наградната игра „Фискална во рака – награда без мака“ ќе бидат пуштени во оптек од денеска. Марките се специјални, исклучиво за оваа наградна и се со симболична цена. Поштенските марки кои треба да го намалат трошокот за испраќање на ковертите ќе ги промовираат генералниот директор на АД „Македонска пошта“ Рафис Алити и министерот за финансии Зоран Ставрески. Интересот на граѓаните за наградната игра организирана од Министерството за финансии е голем. Само за првото извлекување на адреса на Државната лотарија пристигнаа над половина милион коверти. Наградата започна на први декември. Извлекувањето ќе биде во девет кола. Главни награди се стан и дуќан во Скопје, а секои 45 дена ќе се доделуваат автомобил и вредносни ваучери за лаптопи, велосипеди, смарт телефони и ЛЦД телевизори.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?