СПИСОЦИТЕ СО ДОБИТНИЦИ НА 6.000 ДЕНАРИ ТЕШКО ДЕКА ЌЕ ГИ ИМА ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАВА - УЈП уште ги проверува податоците
Објавено во: Економија 14 Декември, 2020 14:30
Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи, денеска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека за интернет страницата kupuvamdomasno.gov.mk. податоците се уште не со објавуваат, бидејќи УЈП до крајот на оваа недела треба да достави прочистен список до Генералниот секретаријат на Владата.
„За таа мерка на помош Управата за јавни приходи има обврска да достави прочистен список до Генералниот секретаријат на Владата, за да се направи објава. Ова од причина што се потребни повеќе сетови на податоци, кои треба да бидат точни, а неточните податоци се враќаат на доработка“, рече Лукаревска.
На прашањето конкретно дали ова значи дека до крајот на оваа недела граѓаните не треба воопшто ни да ја отвораат оваа интернет страница и да проверуваат, бидејќи податоците секако нема да бидат ажурирани, Лукаревска со кус одговор „Задолжените државни органи за таа објава благовремено ќе ги информираат граѓаните“.
Тоа значи дека сеуште ги нема конечните списоци на лица кои добиваат финансиска поддршка од државата.
Како што веќе пишуваше Фактор, додека не се комплетираат листите, на истатата страница Владата треба да објави и оглас за пријавување на продавници односно објекти каде овие пари може да се трошат. Во Законот стои дека Генералниот секретаријат на Владата во рок од пет дена од денот на влегувањето во сила на овој закон на оваа интернет страница треба да го објави огласот за пријавување на правни и физички лица вршители на стопанска дејност за упис во Листа на даватели на македонски производи и македонски услуги.
За мерката државата ќе потроши 27 милиони евра.
Законот предвидува на сметка да добијат по 6.000 денари граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Парите кои ќе ги добијат граѓаните ќе треба да ги потрошат до 25 декември годинава, но од Министерството за финансии за Фактор тврдеа дека никојнема да посегне да им ги зема неискористените пари на граѓаните и по овој датум.
Н.Н.Ф.Можеби ќе ве интересира
ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија
Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот
Нема веќе одење во Царинската управа по потврди за царински долг, Централниот регистар со еден клик ги гледа електронски
Над 40 авто-школи под надзор на Комисијата за заштита на конкуренцијата поради сомнежи за усогласено однесување
ВО ЗЕМЈАВА ИМА 80 ИЛЈАДИ АКТИВНИ КОМПАНИИ: Расте бројот на отворени бизниси
ДОМА, ВО РЕСТОРАН ИЛИ НА ПАТУВАЊЕ: Колку пари планираат да потрошат граѓаните за Нова година?
Ќе се изгради ли конечно „вечниот“ далновод со Албанија? Се пријави „Далековод“, не се знае колку пари се потрошени досега




