Според хороскопот ова се трите дами за цел живот
Објавено во: Општо 03 Септември, 2016
Доколку вашата поубава половина е еден од овие три знаци во хороскопот, ќе имате среќа.
Лав
Таа ќе го претвори вашиот живот во најубава љубовна приказна, ќе ја стопли вашата душа и ќе ви отвори нови погледи на животот, за какви не сте ни сонувале. Како девојка и сопруга таа ќе биде скапоценост која со задоволство ќе ја покажувате, но и љубоморно ќе ја чувате од погледите на другите бидејќи нејзината величественост нема граници. Ќе ја обожувате, ќе се потпирате на неа бидејќи таа е онаа која никогаш не заборава на емоциите и потребите на својот избраник.
Таа е вашиот животен сопатник, пријател, соборец во љубовта и проблемите, личност без која нема да можете да си го замислите денот. И самите ќе сфатите дека никој нема поискрено и пореално да ве сака од неа, бидејќи нејзиното срце е искрено, несебично и смело, а нејзиниот лик, тело, поглед и глас ќе бидат вашата душевна храна и дрога.
Стрелец
Во сечија животна приказна постојат настани кои се паметат цел живот, а денот кога прв пат ќе ја бакнете оваа огнена кралица тоа ќе биде едно од вашите најдраги сеќавања. Доколку сте имале среќа жена во знакот Стрелец да ве одбере и да ве засака, сте на половина пат до рајот. Ќе го исполни вашиот живот со среќа, љубов и сила, а нејзиниот ум и бескрајна креативност ќе ви донесат целосно нова свежина во заедничкиот живот и работата. Совршен спој на љубовница и пријател, таа прекрасно и предано ќе биде одличен пример за децата.
Рак
Таа во вашиот живот целосно ќе ги промени законите на физиката и ќе го преврти вашиот живот наопаку. Во состојба е од било која куќа да направи дом и да ви пружи искрена топлина во секој аспект од животот. Во креветот е истовремено нежна, силна, сензуална, нескротлива и непредвидлива. Нејзината искрена душа бара личност која знае да сака и која ќе знае да ги разбере нејзините тивки воздишки. Совршена сопруга, грижлива и добра мајка, таа плени со својот вроден шарм кој го носи како вистинска дама, природно и спонтано. Таа е вредна и сестрана, за себе посакува маж кој ќе биде силен и одлучен, но и грижлив и одговорен.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.