Спортскиот центар Борис Трајковски правно неактивен и без поднесена завршна сметка за 2024 година, но си распишува тендери
Објавено во: Економија 08 Август, 2025 08:10
Државната „Борис Трајковски“ ДООЕЛ Скопје, сопственик на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ е правно неактивна - Ваквиот статус е запишан во Централниот регистар, а фирмата нема поднесено ниту завршна сметка за минатата година.

Фактор ја побара официјално завршната сметка на Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје, но до објавување на текстот, не добивме никаков одговор. Досега, Спортскиот центар ги има објавувано завршните сметки на веб страницата, но таму како последна може да се види онаа од 2023 година.
Но, иако правно неактивна, фирмата си распишувала тендери. Последниот бил за сметководствени услуги, кој го добила фирмата „Книговодствено Биро Биланс ЛД“ и е потпишан на сума од над 12 илјади евра за една година.

Фирмата раководи со целиот Спортски центар, под кои спаѓаат и арената, базенот кој е привремено неактивен, фитнес центарот, лизгалиштето, кугланата, конгресниот центар, но и Аква паркот кој не е во функција. Според последните податоци, во оваа фирма има 52 вработени лица.
Последните финансиски извештаи покажуваат дека „Борис Трајковски“ во 2023 година има добивка од 484 илјади евра. Претходните години пак, има работено со загуби, -1,6 милиони евра во 2022 година и -804 илјади евра во 2021 година.
Базенот пак, привремено не функционира поради градежни активности, а откако претходно попушти таванот.
Претходно, Државниот завод за ревизија излезе со низа критики за работењето на Спортскиот центар - забелешки со затоплувањето на базенот, истечена гаранција на реквизитите во Аква паркот, но и немање евиденција што добил СЦ „Борис Трајковски“ од тендерите на Министерството за надворешни работи за доуредувањето, кога таму се одржуваше Состанокот на ОБСЕ. Според ДЗР, најдени се и други пропусти и неусогласености кои се евидентирани, а на кои надлежните треба да работат, со цел нивно надминување.
Од 5 јули минатата година, владата за директор на „Борис Трајковски“ го избра Данијел Апостолоски.
Александар ТодескиМожеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




