28 Март, 2024
0.0326

Спот на Влатко Стефановски за „Мекиците од Стража“

Објавено во: Стил 25 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Продукцијата "Еден на Еден" минатата недела снимаше видео за песна на Влатко Стефановски. И тоа не било која, туку песната која Влатко ја напиша за "Мекиците од Стража". По едномесечна подготовка и обемен кастинг, целата екипа снимаше на повеќе локации од Скопје до Охрид и го подготви спотот кој се очекува да биде завршен многу наскоро.

 

 

На сите сетови присуствуваше и познатиот тв водител Жарко Димитриоски, кој пред една година со најблиските соработници ја формираше "Еден на Еден". За овој период истата изработи голем број рекламни спотови, кампањи, промо настани и останати маркетинг активности за нејзините партнери. Жаре летово го користи за работа со продукцијата пред октомври и почетокот на петтата сезона од неговото ток шоу "Еден на Еден" кое повторно ќе се емитува на Алфа ТВ. Запрашан колку мекици изедоа за време на снимањето, тој само кажа "Да речеме дека ако ми се родеше бебе деновиве, најверојатно ќе служев пити!"

 

 

Екипата од десетина луѓе работеше цела недела од рано наутро до доцна навечер, но убедени се дека трудот се исплател и дека ја завршиле работата исклучително професионално. "Ќе ни требаат ден-два за да се наспиеме, тоа е сигурно. После ќе се фрлиме на монтажа, па здравје боже ќе го комплетираме видеото до крајот на неделава" - изјави Жаре.

 

Финале на оваа успешна 2013та за "Еден на Еден" ќе биде четвртиот по ред "Балкан Стенд Ап" фестивал кој веќе важи за можеби најквалитетен евент од овој тип на балканот. Со оглед на тоа какви беа претходните три изданија, повторно ќе биде вечер за паметење и смеење.

 

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи