Спротивно на очекувањата, британската економија расте
Објавено во: Економија 24 Август, 2016 12:05
Голем број на индикатори во Велика Британија на производствениот сектор, градежната индустрија и потрошувачката забележаа раст, пишува Guardian.
Британската економија се чини дека се опоравува од паниката по Брегзит по подобар начин од очекуваниот.
Истражувањето спроведено од лоби бизнис група CBI откри дека падот на британската фунта, испровоцирана од гласовите за напуштање на ЕУ, дал силен поттик на извозот на производни стоки, кој ја компензирал несигурноста на внатрешниот пазар.
Економистите ги преиспитаа песимистичките предвидувања за остатокот од годината и 2017 година, по преглед на бројките кои покажуваат скромен пад и одржлив раст во економската активност од 23 јуни наваму.
Поддржувачите на Брегзит ги прифаќаат овие бројки како знак дека предупредувањата за економски колапс, по гласањето за напуштање, биле во паника и измамени.
Сепак Крис Вилмсон, главен економист на давателот на финансиски податоци IHS Markit, изјави дека опоравувањето е резултат од „огромен одговор преку политики“од страна на Банката на Англија и Министерството за економија. „Не може да се каже дека сите кои креваа тревога за Брегзит, ширеа страв, бидејќи всушност токму предупредувањата го предизвикаа овој силен одговор со политики“, рече тој.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




