Сараќини во САД на средба со американските инвеститори и албанската дијаспора
Објавено во: Економија 04 Февруари, 2013
Министерот за економија Ваљон Сараќини до 10 февруари ќе престојува во работна посета на САД, во Вашингтон и во Њујорк, каде што треба да оствари средба со претставниците на Стопанска комора на Менхетен, со цел иницирање соработка помеѓу коморите на Република Македонија и САД, соопштија од од Министерството за економија
Целта на посетата е претставување на можностите за инвестирање во Република Македонија и најактуелните инвестициски проекти пред заинтересираните инвеститори од САД и претставниците на албанската дијаспора од Македонија.
„Престојот во САД министерот Сараќини ќе го искористи и за посета на „Fast Pack Trading“, најголемиот увозник и дистрибутивен центар на македонски производи во САД, а заедно со претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски ќе оставарт средба со Авни Мустафај, претседател на Албанско-американскиот национален совет“, информираат од ресорното министерство.
За време на престојот во САД, Сараќини ќе има работен состанок со Пејџ Александер, одговорен администратор на УСАИД за Европа и Азија, а ќе ја посети и компанијата Бенџамин М Корп. со седиште во Њујорк, стои во соопштението.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.