17 Декември, 2025
0.0482

Србија бара помош од ММФ, за да го намали долгот и буџетскиот дефицит

Објавено во: Балкан 19 Јули, 2014 08:11

Добивај вести на Viber

До крајот на годината Србија ќе склучи 3-годишен кредитен договор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), за да ги постигне поставените цели за долгот и буџетскиот дефицит. Сегашниот министер за финансии Душан Вујовиќ, кој ја презеде функцијата, откако Лазар Крстиќ се повлече на 12 јули, се обврза да ја заштити најголемата поранешна југословенска република од разурнување и вети дека ефектот од ограничувањата ќе биде рамномерно распределен во економијата до 2017 година. "Ние би сакале да продолжат разговорите со ММФ, со надеж да ги завршиме консултациите до крајот на септември или почетокот на октомври", изјави Вујовиќ во едно интервју дадено за медиумите. Периодот ќе се совпадне со усвојувањето на дополнителниот буџет за 2014 година и буџетот за 2015 година. Вујовиќ, кој е поранешен економист на Светската банка, задолжен за спроведувањето на 4-милијардната програма за Украина, сепак треба да добие одобрение од Владата. Србија се соочува со третата рецесија за последните пет години, откако обилните врнежи, невидени од повеќе од една деценија ги уништија фабриките и ги потопија фармите. Планот на Вујовиќ е да се намали буџетскиот дефицит со 500 милиони евра годишно до 2017 година. Србија има најголем буџетски дефицит во Европа. Според министерот за финансии тој изнесува 8,5% од бруто домашниот производ, вклучувајќи ги и еднократните трошоци поврзани со поплавите. Премиерот Александар Вучиќ треба да заштеди околу 1,4 милијарди евра за три години, за да го намали недостигот во буџетот до околу 1 милијарда евра. Покрај тоа целта ќе биде стабилизирање на нивото на јавниот долг. Мерките за кои досега се воделе дискусии, вклучуваат намалувања на платите и пензиите во јавниот сектор, на персонал од државната администрација и компании, повисока возраст за пензионирање за жените и борба против сивата економија. Некои од мерките можат да влијаат на невработеноста, чие ниво е околу 24%, а невработени млади се 50% од работната сила. Поранешниот министер за финансии Лазар Крстиќ бараше од премиерот да прифати кратенки од минимум 20% на пензиите, 15% на платите во јавниот сектор, да бидат ослободени 160 000 државни службеници во наредните години и да биде зголемена цената на електричната енергија по поплавите со 30%. Таквиот приод ги намалува фискалните ризици, но мерките не се секогаш политички и социјално прифатливи, изјави Вујовиќ коментирајки ги намерите на својот колега. Иако пристапот на Крстиќ може да е поволен за финансиитр на земјата, Србија може да ја преиспита даночната стапка на додадена вредност, ако новиот приод не поднесе задоволителни резултати, вели Вујовиќ. Владата се уште не е готова со проектот за дополнителниот буџет за 2014 година. Прерано е да се утврди длабочината на потребните кратенки кои доаѓаат паралелно со резолуцијата за заштита на десетици државни претпријатија кои даваат работа на околу 60 илјади лица и трошат околу 800 милиони долари годишно од буџетот. До крајот на јули треба да бидат донесени нови закони кои се однесуваат на стечајните постапки и продажба на државни средства. Со нив Владата ќе може побрзо да ги реши проблемите на компаниите и да земе 250 милиони долари од Светската банка. Но дури и со висок буџетски дефицит Србија нема да банкротира, барем засега, бидејќи Србија има "прифатлива ликвидност", а капиталните приливи ќе бидат "повеќе од отпорни", за да го финансираат постоечкиот дефицит. Поголем ризик е одржливите посветеност за извршување на реформи, бидејќи финансирањето на надворешниот долг "кон овој момент не е опција", вели уште Вујовиќ. K.K.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни