05 Декември, 2025
0.0586

Србија: Чоколадите на пазар повкусни од оние во продавница

Објавено во: Балкан 19 Ноември, 2012 13:09

Добивај вести на Viber

Поради шверц на чоколади и колачи од околните земји Србија годишно губи 1,5 милиони евра, пренесува весникот Вечерње новости.

Весникот пишува дека увозните чоколади и кремови се до 30 отсто поефтини на пазар отколку во продавници,  а оригинални милка чоколади, нутела кремови, јакобс и нескафе, но и рафаело колачите, разни кремови и конзерви се продаваат на тезги на секој зелен пазар во Србија, по цена и до 30 отсто пониска од продавниците и со добар рок на траење. Овие производи трговците најчесто ги купуваат во пограничниот регион на Унгарија, каде што има голем број странски дисконтни продавници, кои имаат конкурентни цени, но и чести акции, а поретко од Романија и Бугарија. „Само врз основ на нелегален увоз и сивиот пазар државата годишно губи од милион до милион и пол евра, бидејќи се избегнува плаќање на данок и царина“, вели Дејан Симиќ од компанијата Крафт фуд, која меѓу другото произведува и дистрибуира милка чоколади. „Се работи за класичен шверц. Во пограничниот дел на Унгарија, на пример има многу дисконтни продавници, каде купувачите добиваат одредено враќање на данокот на додадена вредност, не плаќаат царина која сега изнесува околу 10 отсто и тука секако има простор за добра заработка“, истакнува Симиќ кој додава и дека потрошувачите се задоволни, оти сметаат дека добиваат квалитетна увозна стока, по пониски цени. Сепак, граѓаните имаат свое оправдување и според нив купувањето од тезга станува тренд бидејќи растот на цените не е ист со растот на платите, пренесува весникот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година

Косово ќе отвори фабрика за муниција до крајот на 2026 година