Србија: Германија не притиска да го признаеме Косово
Објавено во: Балкан 14 Октомври, 2015 09:40
Во моментов се прави обид Србија да ја признае директно или индиректно независноста на Косово.
Тоа, го изјавил шефот на канцеларијата за Косово Марко Ѓуриќ. Според него на овој начин се отежнува процесот на европската интеграција на Србија.
Предлогот е направен од Германија, но тоа е поддрано од Велика Британија и Хрватска, прецизира Ѓуриќ.
Според него премиерот Александар Вучиќ правел сериозна анализа на ситуацијата, преговарачкиот процес и иднината на самата влада.
„Имам чувство дека голем дел од ЕУ не разбира што се случува, какви се димензиите на проблемот со кој се соочуваме“, изјавил Ѓуриќ за „РТС“.
Според белградското списание „Блиц“ Вучиќ „реагирал многу остро пред Федерика Могерини за време на разговорите во Брисел со претставниците од Косово, во кои учествуваат министерот за надворешни работи Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа“.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




