02 Декември, 2024
0.0301

Србија ги редуцира меѓународните возови, се укинуваат директните линии до Сараево и Загреб

Објавено во: Балкан 20 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Поради недостаток на пари и високите тарифи кои Хрватска ги наплаќа за користење на железничката инфраструктура, српската железница од 9-ти декември драстично ќе го намали бројот на возови кои одат преку граничниот премин Сид, меѓу Србија и Хрватска. Се укинуваат директните возови за Сараево и Загреб, а наместо досегашните пет линии од Белград за Цирих преку Хрватска, во иднина ќе има само една. Поради непрофитабилност , Хрватски железници откажаа дури 46 возови во меѓународниот сообраќај, а на соседите им дадоа избор да ги задржи сите линии кои што им се потребни, но со соодветен надоместок за користење на хрватската инфраструктура, пренесува весникот Блиц. „За да остане возот меѓу Белград и Сараево, железничката управа на Србија , Република Српска и Босна и Херцеговина треба да издвојат годишно околу 677.000 евра за користење на 87-те километри од хрватските пруги. Ниту ние, ниту пак другите немаат економски интерес за зачувување на оваа линија зачувување “, истакнуваат од српски железници. Во меѓународниот патнички сообраќај од декември нема да се обраќа ниту дневниот воз "Андриќ" кој одеше од Белград до Будимпешта, како ни возот на релација Белград-Софија-Истанбул-Белград. Исто така, се укинува и линијата Белград-Букурешт- Белград. Токму поради високите такси за користење на железничката инфраструктура во другите земји, Србија остана и без директната меѓународна железничка линија до Италија и Австрија. Инаку Србија за својата железничка инфраструктура не бара надомест од другите држави, пишува Блиц.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

(ВИДЕО) ОШТЕТЕНИ ЗГРАДИ, УРНАТИ МОСТОВИ: Се судрија и два брода во Грција

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“

БОСАНСКИОТ БУРЕК СЕГА СЕ ПРОДАВА ВО НАЈГОЛЕМИОТ СИНЏИР НА МАРКЕТИ ВО СВЕТОТ: „Ти благодариме Един за партнерството“

СРБИЈА ЌЕ ГРАДИ НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА? Укинат популарниот мораториум од 1989 година

СРБИЈА ЌЕ ГРАДИ НУКЛЕАРНА ЦЕНТРАЛА? Укинат популарниот мораториум од 1989 година

(ФОТО) СЕ УРНА МОСТ, ИМА И МРТВИ, НАТРУПАНИ КОЛИ ВО ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ - Родос на удар на силна бура

(ФОТО) СЕ УРНА МОСТ, ИМА И МРТВИ, НАТРУПАНИ КОЛИ ВО ПОПЛАВЕНИ УЛИЦИ - Родос на удар на силна бура

УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СТАСА И ДО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Наголемо се пишува што се случуваше синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме

УНИШТУВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ СТАСА И ДО РЕГИОНАЛНИТЕ МЕДИУМИ: Наголемо се пишува што се случуваше синоќа за време на прославата на Денот на албанското знаме

СНЕГ ЈА ЗАВЕА СРБИЈА: Вклучени се метео алармите

СНЕГ ЈА ЗАВЕА СРБИЈА: Вклучени се метео алармите

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?