05 Декември, 2025
0.0336

Србија има најевтини цигари во регионов, Хрватска најскапи; Како се движат европските цени?

Објавено во: Стил 05 Декември, 2012 11:12

Добивај вести на Viber

Најевтините во Југоисточна Европа цигари може да се купат во Србија, каде кутија Марлборо чини 1,7 евра, а и цената на остантите брендови како Камел, Пал Мал, Винстон, Принс, Лаки страјк и Честерфилд се приближно исти како на Марлборото, пишува порталот „Cigaretteprices“, кој се повикува на истражувањето на агенцијата Анадолија кое го направи по најавата за поскапување на цигарите во БиХ од Нова Година. Најскапите цигари пак во земјите од регионот се продаваат во Хрватска, каде Марлборо и Камел чинат дури три евра, додека Ронхил и Валтер Вулф чинат околу 2,65 евра. Босна и Херцеговина во однос на другите земји од регионот се наоѓа на средина, а таму кутија Марлборо може да се купи за 3,7 конвертабилни марки или 1,9 евра. Цените на останатите брендови цигари во БиХ се движат од 1,22 до 2,55 евра. Сепак, од почетокот на следната година повеќето цигари на пазарот во БиХ ќе се продаваат по нови, повисоки цени. За помалку од еден месец, најевтините цигари во БиХ ќе чинат 2,75 ДМ или 1,40 евра, а најскапите 5,15 ДМ или 2,63 евра. Кутија Марлборо во Македонија чини околу две евра, а во Црна Гора за неа се одвојуваат 2,2 евра. Во Словенија, за Марлборо или Честерфилд ќе ја платите 3,2 евра, во Турција 3,3, во Бугарија 2,6, во Грција четири, во Унгарија 2,4, во Романија 2,7 а во Словачка 3,3 евра. Набљудувано на ниво на цела Европа, најскапите цигари се продаваат во Норвешка. Таму кутија Марлборо или Камел чинат 10,9 евра. Следи Ирска со девет, Велика Британија со 7,7, Франција со 6,6, Швајцарија со шест евра за кутија цигари од наведената марка. Од друга страна, на ниво на Европа, најевтиното Марлборо може да се купи во Белорусија каде чини 0,8 евра, следена од Грузија со 1,3 и Молдавија и Украина со цена од само едно евро.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: