17 Декември, 2025
0.0526

СРБИЈА: Осигурувањето на автомобилите поскапе за 45%!

Објавено во: Балкан 01 Јули, 2014 19:20

Добивај вести на Viber

Во Србија денеска стапи на сила новата минимална тарифа за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штета предизвикана на трети лица и според неа, задолжителната полиса за осигурување за сите категории возила е повисока за 45%. Здружението на осигурителни компании од Народната банка на Србија добило дозвола да ја зголеми цената на осигурителните полиси задолжителни за регистрација на возилата. Но, возачите се револтирани. Според претседателот на Националната организација на потрошувачи на Србија Горан Паповиќ, зголемувањето на цените на осигурителните полиси е резултат на нечие „добро лобирање“ и дека на овој начин осигурителните компании сакаат да си ја покријат штетата од исплатите што ќе треба да ги направат за поплавите. „Не ни е јасна одлуката на Народната банка на Србија да даде согласност за зголемување на цените, бидејќи досега имаше пракса растот на овие цени да се усогласува со инфлацијата. Се поставува прашање дали ваквата одлука е додворување на осигурителните компании“, изјавил Паповиќ. Од Здружението на осигурителни компании појаснуваат дека поскапувањето е резултат на воведувањето на т.н. бонус-малус систем со кој се казнуваат лошите возачи, а се наградуваат добрите со бонуси. Притоа само 1% од возачите во србија имале „малус“ како санкција за извршени прекршоци, а доделувањето на поголем број бонуси предизвикало намалување на премиите за автоодговорност. Исто така, придонело и воведувањето на фиксен надомест од 5% за Републичкиот фонд за здравствено осигурување од собрантаа бруто премија. Дополнбителна причина е и зголемувањето на лимитот за исплата на штети во Србија, кој стапува на сила во октомври и е неколкупати повисок од сегашниот лимит.    

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии