Добивај вести на Viber
За комплетна обнова на мостовите, патиштата и други инфраструктурни објекти на Србија ќе и бидат потребни најмалку пет до шест години, вели експертот за градежништво Горан Родиќ.
Родиќ, кој е потпретседател на Градежничко-индустриската комора на Србија, оцени дека најважните магистрални патишта од стратешко значење за Србија и регионот можат да бидат обновени до крајот на оваа година.
Тој вели дека експертите на Градежничко индустриската комора, во изминатите денови ја следеле елементарната непогода во погодените од поплавата подрачја, за и самите да се уверат во колкави размери е катастрофата и што е потребно во најкраток рок да се превземе и што навистина реално може да се превземе.
“Ако веднаш се започне со подготовка на потребните планови, сите стратешки магистрални правци можат да бидат обновени до крајот на оваа година и тоа сега е најважна работа која не смее да чека, а нашите луѓе се способни и подготвени тоа да го завршат. Тука треба да се ангажираат најголемите домашни компании од областа на градежништвото, тие имаат и кадри и опрема и матерјал патиштата да се поправат, вели Родиќ.
Истакнува дека со мостовите и санацијата на свлечиштата кои ја загрозуваат инфрастурната состојба е многу комплицирана. За сето тоа да се направи потребни се големи напори и многу време, според тоа како што сега стојат работите, ќе мора да се работи најмалку пет до шест години за да се поправи се она што поплавите уништија.
Јасно е дека санацијата на свлечиштата ќе биде една од најтешките и најдолгорочна работа, поради што се направени се и првите потези. Сообраќајниот институт ЦИП на повик на министерката Зорана Михајловиќ во Мали Зворник прати екипа со експерти за да се испита состојбата со свлечиштата.
“ Свлечиштата се опасни во цела Србија и состојбата со нив не може да се реши за час,бидејки прво треба да се лоцираат, па да се испитаат и да се даде предлог за санација. Тоа е макотрпен и малку долг процес, истакнува генералниот директор на ЦИП Милутин Игнатовиќ.
Тој вели дека со топлото време во Србија свелчиштата би требало да се смират и сопрат и дури тогаш можат добро да се испитаат. И дека дури тогаш ЦИП ќе може да даде поединечни предлози за секое од нив.
Според неговите зборови во Србија скоро и да нема експерт за свлечишта, освен во институтот за патишта и ЦИП, а Владата е запознаена со тоа, па може да ги ангажира овие кадри.
“По прегледот ЦИП ќе даде предлози, докплку се заклучи дека треба стамбените објекти да се дилоцираат, ако се загрозени од свлечишта, кои не е рационално да се санираат. Посебно ќе се внимава и на свлечишта кои се закануваат на инфраструктурата-железничкиот и патниот сообраќај. Пругата и патиштата мора да ги чуваме, не смееме да дозволиме долготрајни прекини во сообрачајот, додава тој.
К.К.