Србија се согласи со САД да ја намали зависноста од Русија
Објавено во: Балкан 05 Јуни, 2015 13:49
Српскиот премиер Александар Вучиќ ги одобрил предлозите на американската Влада за ограничување на руската зависност на Србија.
На крајот на 4-дневната посета на САД, Вучиќ изјавил дека Србија ги прифаќа предлозите на САД за потребата од намалување на руската гасна зависност и прифаќа да се приклучи кон проектот поддржан од САД за гасоводот ТАП.
Според Вучиќ, Србија е подготвена да добива гас од неколку извори, што, додаде тој, е „многу важно исто за нашите американски пријатели“.
Оваа изјава е јасен сигнал од земјата на Вучиќ дека тој и Србија се дистанцираат од Русија, која се сметаше за традиционален сојузник на Белград.
Потсетуваме дека во провладиното издание вчера беше соопштено и за конфликт меѓу Српската православна црква и Рускиот патријарх Кирил.
Можеби ќе ве интересира
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии




