20 Декември, 2025
0.0765

Србите им се „наострија“ на македонските производители на челик

Објавено во: Балкан 05 Септември, 2013 15:43

Добивај вести на Viber

Производителите на челик, цевки и арматура од Србија, мака мачат бидејќи им се дозволува на компаниите од Македонија, кои увезуваат челик со понизок квалитет од Кина и Индија, овие производи без царина да ги продаваат во Србија, пишува српски „Телеграф“ во денешната анализа. Работниците во металната индустрија на Србија претрпуваат штети од најмалку 150 милиони евра годишно, бидејќи Министерството за градежништво одбива да ги примени Прописите за контрола на заварени цевки и арматурна мрежа, што е причина зошто локалните производители со години се во неповолна положба во однос на конкуренцијата. - Прво, тоа е кршење на ЦЕФТА договорот бидејќи производите може да се продаваат на териториите на земјите-потписнички само ако се произведени на територијата на истата земја. Меѓутоа, фирмите од Македонија овде продаваат работи кои не се произведени во нивната земја, а за тоа не им се наплаќа никаква царина. Годишната штета се проценува на 120 до 170 милиони долари, изјави за „Телеграф“, Драгољуб Рајиќ, директор на Унијата на работодавачи на Србија. Тој вели дека работниците се обратиле и до министерот за градежништво Велимир Илиќ, но тој не одговорил на нивните барања. „Имаме случај во кој неколку македонски компании увезуваат челик со понизок квалитет од Кина и Индија, кој го користат за изработка на цевки и арматурни мрежи и потоа тие производи со полош квалитет во споредба со српските, ги пласираат во Србија и другите земји од ЦЕФТА. И секако, ги продаваат по пониски цени и затоа се купуваат...Постои опасност од колапс на голем број објекти во Србија, кои се вградени ваквите материјали од втора класа, а се претставени како производи од прва бидејќи Србија не врши контрола на овие производи. Нема Правилник во однос на квалитетот. Ем го уништуваме нашето градежништво и индустрија, ем животот на граѓаните“, вели Рајиќ. Според пишувањата на медиумот, од Министерството им рекле дека Правилникот е објавен во јули 2011 година, а дека по барање на произведувачите, формирана е Работна група за измена и дополнување на правилникот. - Министерството ги извести членовите на работната група за недостатоците во предлозите за измена и дополнување на Правилникот, но членовите немаат доставено нови предлози па така ни претставникот на произведувачите - соопштуваат од надлежното министерство. Според нив, тие не се надлежни за проблемите околу царините и увозот, туку тоа било надлежност на српското Министерство за финансии.  

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација