Србите од денеска слободно во Грција, за нив нема да важи ни грчкиот полициски час
Објавено во: Балкан 19 Април, 2021
Веќе од денеска Србите кои се вакцинирани или кои имаат негативен ПЦР тест може да патуваат во Србија со приложени докази за тоа. Инаку во Грција на важност е полициски час но тој нема да важи за туристите. Така изјавија од Туристичката организација во Србија додавајќи дека на влезот во Грција ќе треба и да се пополни одреден формулар.
Сите оние кои ќе се одлучат да одат во Грција нема да можат да уживаат во рестораните и кафулињата во Грција кои остануваат затворени до 4 мај но туристите ќе може да порачуваат и земаат нарачки.
Во информацијата се вели и дека е потврдена и одлуката на македонските туристички места дека за српските државјани престојот ќе биде 20 отсто поевтин.
Министерот за здравство, Венко Филипче на 31 март информираше дека е во постојана комуникација со неговиот грчки колега, а во разговор со грчкиот министер за туризам, Хари Теохарис бил известен дека на 14. мај Грција планира да ги отвори граничните премини „Дојран“ и „Евзони“ и за македонските граѓани. Граѓаните на Македонија кои планираат да патуваат во Грција ќе мора задолжително да покажат сертификат дека се вакцинирани или пак да имаат негативен ПЦР тест за ковид-19.
Дали ќе се реализира ова засега нема нови детали.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.