Србите од Косово со српски пасоши не можат да патуваат без визи?
Објавено во: Балкан 30 Мај, 2016
Марко Ѓуриќ, директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија во Владата на Србија, вели дека Србите кои живеат во Косово немаат потреба од косовски пасоши за да им се овозможи визна либерализација.
„Никој не може да ги принуди Србите во Косово да го прифатат пасошот на кој се неприфатливи симболи, нелегално прогласени со независноста на Косово. Ние ќе преземеме мерки за да го решиме проблемот или ќе го вметнеме во процесот на дијалог со Брисел“ - изјави Ѓуриќ.
Ѓуриќ додава дека ЕУ одлучила да ги укине визите и за овој дел од територијата врз географското начело, а не нешто друго, затоа либерализацијата треба да биде важечка за целата територија и целиот народ, независно од докумените. Пасошите кои ги поседуваат Србите во Косово издадени од Министерството за внатрешни работи на Србија, не им се дозолува движење во Шенген зоната без визи.