25 Ноември, 2024
0.0371

Србите со двојни државјанства сепак ќе примат вакцина во Србија

Објавено во: Македонија, Корона Вирус 03 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Повеќето Срби кои живеат во Македонија, но поседуваат двојни државјанства, сепак ќе се вакцинираат во Србија, каде процесот веќе тече успешно и на располагање на граѓаните се повеќе вакцини.

Тие не ги прекинале врските со матичната држава од каде потекнуваат и каде имаат имоти. Македонија каска во процесот на имунизација и македонските граѓани малку ќе почекаат додека да стигнат вакцините и да почне вакцинацијата. Жарко Николиќ, медиумски работник кој има двојно државјанство вели дека десетина негови познаници веќе се вакцинирале во Србија, и тој планира да го стори истото.

Треба да се има српско државјанство, адреса во Србија за да се овозможи вакцинација. Пријавувањето е онлајн, се избира која вакцина сака да ја прими граѓанинот, а сега е многу популарна кинеската вакцина. Моите роднини велат дека во Владичин Хан нема гужва, но јас прележав ковид и планирам да ја примам вакцината летово“, вели Николиќ.

Гордана Јовиќ Стојковска од Српската заедница во Македонија исто така планира да се вакцинира во соседна Србија.

„Планирам да се вакцинирам, најверојатно со вакцината Спутник, но тоа ќе го направам понатаму“,  вели таа.

Но, има и граѓани кои сѐ уште не размислувале на оваа тема. 

„Не сум размислувала многу за вакцинацијата и не ми е приоритет. Може да се случи утре да отидам во Врање и да ја примам вакцината, а може и да не одам. Тоа е личен избор на секој поединец. Кога ќе започне вакцинирањето кај нас е обврска на државата и за тоа немам став. Јас избегнувам комуникација со други луѓе, внимавам да не се заразам“, објаснува Србинка која живее во Куманово.

Србија се покажа како многу успешна во процесот на вакцинација, со што надмина многу други земји во светот. Досега во Србија против коронавирус се вакцинирани скоро половина милион граѓани. Со ова Србија е втора во Европа според бројот на вакцинации на милион жители. Само Велика Британија е пред Србија, по што следуваат Малта, Исланд, Данска, Ирска, Словенија, Романија. Властите велат дека Србија е многу блиску до победа на коронавирусот, а во земјата ќе се произведува и руската вакцина. Србите можат да бираат дали ќе примат руска, кинеска или Фајзер вакцина.

Сања Атанасовска

foto freepik

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

ПОЧИНА МИТРОПОЛИТОТ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ, ГОСПОДИН ТИМОТЕЈ: Бил во болница, заради проблеми со срцето

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

НОВ ПРЕСВРТ ВО СУДОТ - Кешишов тврди дека писмото го напишал во страв од Палчо

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

„ПАТОТ ДО МЕСТОТО БЕШЕ НЕПРООДЕН И СО ДУПКИ“: сведочат службени лица, Манев ги однел до телото на Жежовски

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

ЕВЕ ЗОШТО КАРАНФИЛОВА - ПАНОВСКА ПРИФАТИЛА ДА БИДЕ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СДСМ: Упорноста и емпатијата на Венко биле клучни

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ