Добивај вести на Viber
Во Берлин најавено е одржување на консултации на политичките директори на т.н. Нормандиска четворка која е составена од Русија, Германија, Франција и Украина.
Како што јавуваат медиумите средбата ќе се одржува „зад затворени врати“ во Министерството за надворешни работи, како и дека за време на консултациите ќе бидат разгледувани Договорот од Минск и прашањата за подготовка на можноста за разговори на шефовите на четирите држави во главниот град на Казакстан, Астан, на 15 јануари.
Средбите на Ангела Меркел, Владимир Путин, Петро Порошенко и Франсоа Оланд го доби името „Нормандиска четворка“ бидејќи прв пат средба во ваков состав се одржа во Нормандија во Франција во јуни минатата година.
Последниот пат лидерите на четирите земји се сретнаа во октомври 2014 во Милано, кога средбата беше посветена на решавање на спорот за гас помеѓу Украина и Русија.
Укринформ наведува дека Украина ја претставува директорот на одделението за политика и комуникации, Алексеј Макеев, а Москва соопшти дека во нејзино име ќе дојде директорот на Вториот департмент за земјите од Заедницата на Независни Држави, Виктор Сорокин.
Германското радио наведува дека одржувањето на самитот на Квартетот за решавање на украинската криза на 15 јануари за сега е неизвесно.
Портпаролот на Меркел, Штефен Зајберт, рекол дека се уште не се знае дали ќе има средба на четирите лидери и дека доколку биде договорена не се знае кога точно ќе се одржи истата.
„Иницијативата за таква средба би имала смисла само доколку постои шанса за реален напредок“, рекол Штефен, пренесува Ројтерс.
Според изјавата на портпаролот на Меркел, напредог би претставувала пред се реализацијата на Договорот од Минск, прекин на огнот, договор за линија за разграничување и повлекување на тешкото вооружување од зоната на конфликтот.
„Таквите работи мора да бидат унапред подготвени“, истакнал СЗајберт.
Оланд претходно истакна дека тој ќе се упати кон Астани само доколку на преговорите биде постигната нова реална перспектива за решавање на конфликтот.
Можноста за одржување на ваков самит ја најави Порошенко, а од украинското министерство за надворешни работи беше најавена и можноста за одржување средби на ниво на министри.