19 Мај, 2024
0.0279

СРЕДБА ЗАЕВ - ВАРХЕЈИ: Европскиот пат е важен за двете страни, и за Македонија и за ЕУ

Објавено во: Македонија 29 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Неколку теми биле во фокусот на разговорот меѓу премиерот Зоран Заев и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји. Тие денеска имаа средба во Скопје. 

За средбата, Заев информираше  на Твитер. 

„Отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината. Една од темите за разговор ни беа и подготовките кои ни претходат за претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија следната недела каде што ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни, и за Северна Македонија и за ЕУ, и посветени сме на тој процес“, информираше Заев.

Посетата на Вархеји следува по вчерашната на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Таа ја охрабри Македонија да работи на реформи и да не се откажува од членството во ЕУ. 

Вархеји минатата недела беше во Бугарија, каде што разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Додека не се реши овој спор, нема старт на преговори за земјава. 

Можеби ќе ве интересира

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

„ВРЕДИ“ НА СРЕДБА СО КУРТИ: Загрижувачко е руското и српското влијание

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ЦУК ЗА СОСТОЈБАТА ВО ОХРИД: Има поплавени подруми и гаража

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична