Среќник си добил речиси 2,5 милиони евра
Објавено во: Стил
22 Ноември, 2012 10:02
Добивај вести на Viber

По речиси дваипол милиони евра двајца среќници добиле на бугарската државна лотарија. Додека едниот добитник останува анонимен, вториот, извесен Росен Русимов од Перник самиот им се јавил на медиумите за да се пофали дека токму нему му се паднал џек-потот со вредната награда. Русимов има сопствен бизнис и поголемиот дел од добивката планира да го вложи во негово развивање, но вели дека ќе одвои средства и за да им помогне на оние кои немале среќа во животот. Освен тоа, планира да купи еден автобус за потребите на локалниот фудбалски клуб. 47-годишниот добитник истакнува дека парите нема да го променат, односно дека тој и неговото семесјтво ќе продолжат да си живеат без непотребен луксуз, исто како и досега.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: