СРЕЌА ПОД ПРСТИТЕ СО ИНСТАНТ ЛОЗОТ КАЛИНКА
Во чест на 15 години инстант лотарија на Државна лотарија
Објавено во: Мои пари 30 Април, 2025 16:34
Секој љубител на инстант лозови има причина за радост – Државна лотарија го пласираше новиот инстант лоз КАЛИНКА со возбудливи можности за парични добивки до 700 000 денари.
Во чест на 15-годишнината од приредувањето игри на среќа и инстант лотарија, датум што се одбележува овој април, Државна лотарија потсетува на инстант лозот КАЛИНКА, пласиран во 2010 година, што беше прв паричен лоз во историјата на Државна лотарија. Оттогаш досега пласирани се над 50 нови серии инстант лозови со различни игри, премии, имиња, концепти... А најважно од сѐ со богатство од среќни приказни на бројни добитници на премии и на поголеми добивки ширум нашата земја.
На таа плодна почва од среќни насмевки и споделени радости Државна лотарија ја засадува новата калинка, како дрвце на среќата коешто ќе радува со своите плодови. Во оваа 15-та година од приредувањето игри на среќа Државна лотарија го истакнува значењето на плодот калинка земен како симбол во новото корпоративно лого и го вклучува во игра во којашто трите калинки ќе донесат и среќа и благодет и радост.
Богатата симболика на калинката нека се потврди низ новите среќни приказни коишто со нетрпение очекуваме да ги запишеме. Откривањето на добивките е лесно и забавно – треба да се пронајдаттри исти симболи во полето за гребење каде што трите калинки носат 7 главни премии по 700 000 денари, и три исти износи за други парични добивки.
Оваа 15-годишнина од игрите на среќа на Државна лотарија ќе ја славиме со среќни приказни од инстант лозот Калинка и оние коишто следат а допрва ќе ви ги откриваме за да го потврдиме и корпоративниот слоган СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ.
Државна лотарија
Можеби ќе ве интересира
ПРИРОДНО РЕШЕНИЕ: Еве како да ја негувате кожата и зглобовите
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“
Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство




