06 Октомври, 2024
0.0258

Среќна нова...

Објавено во: Стил 30 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Сумирав:

1.Дете, здраво и право со напливи и изблици на пубертетски моменти. Рака на срце...и мајката не беше ништо поарна од аспект на климактерични испади. Уште сме 1:1 со Нина.

2. Родители, арни (фала му на Универзумот)...да ми се живи и здрави уште долго.

3.Пријатели, сите на број и сите успешни. Кој смени работа, кој доби дете, кој направи бум со сајт, кој си освои награди по фестивали. Ве сакам многу, си знаете кои сте...и фала што ме трпите и ме сакате во секакво издание.

4.Љубов...Откако Кијану си фати девојка, решив посериозно да се занимавам со љубовниот живот. Башка, лута сум му. Не ми спомна дека имаме open relationship, па јас будала го чекав. Значи, ако го видите и ако праша за мене, кажете му дека му раскинав за озбилно, дека знам оти е до него а не до мене и дека му е простено.

5.Две книги за деца...оваа година беше трета по ред во која ми цвета соработката со Просветно дело. Книгите за деца беа нешто што не сум знаела дека го имам во себе и многу ми е драго што го пронајдов. Јавно и’ се извинувам на ќерка ми за поткраднување на случки и настани од нејзиното секојдневие. Нина сине, ич да не се грижиш...и твоите деца ќе се срамат од тебе. Те сака мама.

6.Една книга колумни...2020 ќе има и нова, со колумните од 2019 година, со колумните од најчитаниот магазин за жени, мојот и ваш Женски магазин. Кој не го лајкнал до нега, изволте, никогаш не е доцна за мудри одлуки. Дечки, вам ви благодарам на довербата, разбирањето и професионалноста. Се читаме на 6-ти јануари.

Целата колумна на Ана Бунтеска за Женски магазин, читајте ја тука.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни

ПРОСЛАВА ВО ДОМОТ НА ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕКОНОМИЈА - честитки од сите страни