19 Декември, 2025
0.0417

СРЕЌНО ТРКАЛО: ОИЛКО направи профит од милион евра возејќи за „Макпетрол“

Објавено во: Економија 14 Март, 2016 07:49

Добивај вести на Viber

ОИЛКО ги зголеми приходите од транспорт за 45,3 милиони денари до износ од 410,2 милиони денари, а го намали трошокот за амортизација за речиси 30 милиони денари и стигна до добивка од 1 милион евра Транспортната компанија ОИЛКО лани успеа да оствари рекордна добивка од 63 милиони денари (над 1 милион евра), најголема во последниве три години, покажуваат неревидираните финансиски извештаи што ги објави таа компанија -  единственото командитно друштво во земјава во кое „Макпетрол“ е најголем акционер, но и ОИЛКО е најголем поединечен акционер во „Макпетрол“. Овој финансиски резултат на ОИЛКО доаѓа во услови кога неговиот најголем работодавач „Макпетрол“ изгуби 32,4 милиони евра приход од продажба во 2015 година. Истовремено со тоа приходот од продажба на ОИЛКО расте до износ од 410 ,2 милиони денари што е за 12 отсто повеќе од 2014 година односно за 45,3 милиони денари повеќе. Соодветно на растот на приходот од продажба расте и приходот од продажба на домашниот пазар и тоа за 35 милиони денари до 386,4 милиони денари. Најголем, а можеби и единствен клиент, на ОИЛКО на домашниот пазар му е „Макпетрол“. Во услови кога видовме дека годишниот приход на „Макпетрол“ падна за 12 отсто односно за 32,4 милиони денари и кога се знае дека тоа делумно, но не целосно се должи на падот на цените на горивата логично е малите акционери во „Макпетрол“ да ги постават прашањата: како „Макпетрол“ му плаќа на ОИЛКО? Колку чини километар превоз? Дали се плаќа по тура? Како е можно приходот на ОИЛКО да расте кога паѓа прометот на „Макпетрол“? Ова се прашања што можат да ги постават само акционерите во најголемата компанија за малопродажба на нафтени деривати и тоа е нивно легитимно право. Особено ако се знае дека нивната компанија поседува 35,6 отсто во ОИЛКО, а нивниот претседател на Управен одбор Андреја Јосифовски поседува 14,94 отсто од управувачките права во ОИЛКО. Од увидот во финансиските текови на ОИЛКО видливо е дека главен фактор за рекордната добивка е зголемениот приход од продажби односно превоз и тоа го голема мерка на домашниот пазар на кој доминантен клиент е „Макпетрол“. Но тоа не би било можно без големото намалување на трошокот за амортизација на ОИЛКО. Во 2014 година на амортизација биле книжени 99,3 милиони денари, а лани тој износ е понизок за речиси 30 милиони денари. Ова е многу важно кратење на трошоците особено во услови кога другите расходи: за вработени, за суровини и за материјални трошоци се зголемени заедно за 26,3 милиони денари. Тоа значи дека намалените трошоци за амортизација во целост ги анулирале трошоците од претходните расходни ставки и оставиле простор за солидна нето добивка која според нашите податоци е најголема од основањето на ОИЛКО во 2007 година. Лани од своите управувачки права во ОИЛКО „Макпетрол“ доби дивиденда од 213.600 евра, а Андреја Јосифовски 90.000 евра. Другите 63 домашни физички лица од кои добар дел се акционери во ОИЛКО поделија дивиденда од околу 300.000 евра. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите