15 Декември, 2025
0.0348

СРПСКА ЛЕКАРКА КОЈА 25 ГОДИНИ РАБОТИ СО ПАЦИЕНТИ НА РЕСПИРАТОР - раскажа потресна приказна како е да се биде на другата страна

Објавено во: Балкан 26 Декември, 2020 14:26

Добивај вести на Viber

Моето искуство како пациент секако е различно, бидејќи целиот процес на лекување во одделот за интензивна нега ми е многу добро познат. Само што овој пат морав да се најдам од другата страна, да доживеам за себе сè што вообичаено го гледам како лекар.

Проф. Д-р Воислава Нешковиќ е една од нашите најпознати анестезиолози, професорка на Воено-медицинската академија и член на сите релевантни светски здруженија на анестезиолози, за еден српски медиум, „То сам ја“, ја раскажа својата потресна приказна. 

За неа доста се пишувало како нуркач и тркач, но сега опшшува едно друго искуство, а тоа е лекувањето на респиратор, бидејќи и самата станала пациент со коронавирус. 

Прашана како завршила на респиратор, таа одговара.

„Текот на болеста, во мојот случај, покажа многу изразен инфламаторен (воспалителен) одговор што доведе до развој на акутна, хипоксична респираторна инсуфициенција (откажување на функцијата на белите дробови). Јас припаѓам на релативно мал процент на пациенти, но на оној кој има најтешка клиничка слика и кај кого е можен лош исход. Некако, се појави верувањето дека само луѓето кои се стари или имаат некои од факторите на ризик (дополнителни болести како што се дијабетес или болести на кардиоваскуларниот систем) можат да имаат неповолен тек на ковид-19.

Како пациент, би можела да послужам како предупредување, бидејќи јас сум потполно здрава личност, полумаратонец, без никакви фактори на ризик. Не е предвидливо кои се пациентите кај кои ќе се случи вакво нешто, а патофизиологијата на болеста е сè уште нејасна за нас.

Очигледно, мојата одлична состојба не спречи појава на болеста, но сигурно ми помогна да преживеамж“, вели оваа српска лекарка.

Кога белите дробови не можат да ја извршуваат својата функција, механичката вентилација е една од вообичаените мерки на интензивно лекување, без оглед на постојната пандемија. Треба да се потсети дека механичката вентилација или поставувањето на пациентот на респиратор, термин што стана обичен во обичниот говор, не е терапија. Тоа е само помошна мерка, обид да се одржат виталните функции на пациентот сè додека телото не се опорави од основната болест. Инаку, пациентот умира за многу кратко време.

„Значи, на пациентот кој е на механички вентилатор животот му е загрозен, и обидувајќи се да обезбедиме размена на гасови, се надеваме дека ќе има доволно време да ги надмине компликациите во случајот на ковид-19, вирусна инфекција, со неговите одбранбени механизми. Бев целосно свесна во која фаза на болеста сум и колку сум загрозена. Јас сум анестезиолог и се занимавам со механичка вентилација повеќе од 25 години. Држам предавања за механичка вентилација.

Успеав да бидам рационална до крај и да им олеснам на моите колеги да донесат одлука. Бев интубирана во вистинско време и тоа секако придонесе за моето закрепнување“ вели оваа докторка.

Што се сеќавате од моментот кога ве ставија на апарати за дишење?

„Никогаш нема да го заборавам лицето на мојот колега кога донесовме одлука за интубирање и започнување на механичка вентилација. Оваа мешавина на грижа, очај, но и целосна свесност дека одлуката е вистинската, беше само уште една слика за најтешките моменти од нашиот професионален живот - кога сме вклучени во третманот на нашите драги луѓе, кои се животно загрозени, а исходот од третманот е целосно неизвесен. .

Моето искуство како пациент секако е различно во споредба со другите, бидејќи целиот процес на лекување во одделот за интензивна нега ми е многу добро познат. Само што овој пат морав да се најдам на другата страна, да искусам за себе сè што нормално го гледам како лекар.

Бидејќи ова е многу сериозно губење на функцијата на белите дробови, кое е придружено со многу ниски вредности на кислород во крвта, повеќето интубирани пациенти за време на оваа пандемија се постојано под седативи и изложени на мускулни релаксанти, со цел да се стабилизираат пациентите и да се постигне задоволителна оксигенација. Како резултат, сеќавањата се прилично променети и прекинати.

Сепак, некои впечатоци ми се враќаат, некои информации што ми дојдоа од моето опкружување и од оние кои се грижеа за мене. Тоа е многу интересно за мене. Знаев дека се случија некои работи и поврзав некои активности, иако не бев будна.

Се сеќавам дека се разбудив и почнав да комуницирам со колегите, процесот на одвојување од механичката вентилација, моите очекувања и поврзувањето на професионалните информации во значителен проток. Сега знам како изгледаат нашите постапки кога ќе поминеме низ нив. Мислам дека ја надополнив својата експертиза со фактот дека бев трпелива. Се надевам дека ќе бидам подобар лекар поради тоа“, вели оваа докторка.

фото: „То сам ја“

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството