Добивај вести на Viber
Владата на Србија одобри 500 милиони динари за субвенционирање на набавка на опрема за малите претпријатија.
За да работодавачот добие 25% повраток на инвестицијата за опрема, неговата инвестиција во опрема не треба да биде помала од 250.000 динари, но не смее да биде ниту поголема од 2.5 милиони динари.
Средства се даваат за нова, но и за половна опрема под услов да не е постара од 5 години. Државата во иднина ќе субвенционира купување на делови и алати за постоечките машини. Оваа одлука за помагање на претпријатијата е усвоена во саботата.
Овие средства се предвидени со буџетот во 2016 година, а целта е да им се помогне на малите претпријатија кои се најзастапени во Србија.