Српски бизнисмени ќе ја тужат Хрватска поради блокадата на границата
Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2015 14:51
Десетици српски бизнисмени планираат да ја дадат Хрватска на суд поради загубите кои ги претпеле поради блокадата на српско-хрватската граница, а нивните барања можат да изнесуваат неколку милиони евра, пишуваат српските локални весници.
Повеќе од 60 бизнисмени имаат поднесено барања кон Стопанската комора на Србија за проблемите со кои се сретнале за време на шестдневната блокада на границата.
Анонимен претставник соопштил дека бизнисмените најверојатно ќе ја тужат Хрватска и нејзиниот премиер Зоран Милановиќ, кој неодамна и објавил царинска војна на Србија поради имигрантската криза.
За периодот од шест дена на границата беа во застој повеќе од 600 камиони.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




