Српски „Блиц“ во 3Д издание
Објавено во: Стил 16 Септември, 2013 11:25
Редакцијата на дневниот весник Блиц денеска слави 17 роденден и по тој повод денешниот број е испечатен во 3Д, прво издание на весник во таков формат во Србија.
На 56 страници во боја со помош на посебни очила кои ќе бидат залепени на секоја насловна страничка, фотографиите ќе може да се гледаат „како да се живи“, наведува редакцијата на весникот на својата веб-страна.
– Тродимензионалниот свет во медиумите досега можевме да го гледаме во кино салите, но не и на хартија. Редакцијата на весникот Блиц се потруди на читателите да им открие нова димензија на печатено издание, прво од тој вид во Србија, се вели во соопштението од весникот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





