19 Мај, 2024
0.0260

Српски посредници за бугарски пасоши завршија зад решетки

Објавено во: Балкан 02 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

По аферата со бугарски пасоши, во рацете на полицијата „паднаа“ Срби. 

На југот на Србија вчера се уапсени четири лица под сомнение, за примање мито и поткуп, поттикнување и фалсификување документи за добивање на бугарски пасоши. Уапсени се луѓе од градовите Пирот, Димитровград и Ќуприја. Еден од уапсените е лекар, а еден е вработен за јавната администрација.

Двајца од осомничените го плаќале лекарот да издава уверенија без да ги прегледа пациентите, а потоа службеник од матичното одделение во Пирот бил платен да ги смени податоците на истите лица во матичната книга на родени, и да впише дека имаат бугарско потекло, информира српската полиција. 

Потоа лажираната документација била предавана на државните органи во Бугарија за добивање на бугарски пасош.

Акцијата во Србија следи откако во Бугарија се уапсени државни службеници под сомнение дека се дел од организирана група за издавање лажни бугарски пасоши. Вакви пасоши земале луѓе од Молдавија, Украина, Македонија и Албанија. Аферата ги допре и високите структури во бугарската Влада откако во јавноста се зборува за вмешаност на министерот за одбрана, Красимир Каракачанов. Од опозицијата побараа тој да си поднесе оставка. Аферата изби неделава, а против неколку лица веќе има покренато обвинение. За добивање на бугарски пасош се плаќале 5.000 до 8.000 евра. 

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

(ФОТО) Како изгледала евакуацијата на патниците од возовите кои се судрија во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

СЕ СУДРИЈА ВОЗОВИ ВО БЕЛГРАД: Повредените се на длабочина од 400 метри во тунелот

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија

ТИРАНА ГО ПОВИКА СРПСКИОТ АМБАСАДОР НА РАЗГОВОР: Ги налути изјавата на Вулин дека Србите можат да ја спречат Голема Албанија