05 Декември, 2025
0.0552

Српскиот бизнисмен Мишковиќ денеска на сослушување

Објавено во: Балкан 13 Декември, 2012 12:10

Добивај вести на Viber

Неколку часа ги делат Мирослав и Марко Мишковиќ, како и Мила Чурашковиќ од почетокот на нивното сослушување. Останатите седумината приведени за случајот „Нибенс група“ се веќе сослушани. Откако сите приведени ќе бидат испрашани ќе се одлучува околу покренување на истрага и евентуален притвор од 30 дена. Се очекува да бидат испочитувани сите законски рокови и комплетната процедура да заврши до утре пред пладне кога на осмомничените им завршува мерката за задржување од  48 часа. Паралелно со оваа кривична постапка Обвинителството за организиран криминал ќе покрене и финансиска истрага. Бидејки се работи за голем систем се очекува оваа истрага да трае многу долго. Сите приведени се осомничени за злоупотреба на работната функција, затворска казна за такво кривично дело во Србија се одредува од две до 12 години. Соработката помеѓу Мишковиќ и Чупашковиќ започнала во 2005 година кога конзорциум, составен од "Делта М" Друштво за патишта "Ниш" и "Емисии брокер" го приватизирале  претпријатието  за патишта "Блеград". Месец  дена пред склучувањето на договорот за приватизација, претријатието за патишта Ниш земал 23 милиони евра кредит од фирмата на Мишковиќ "Хемслејд трејдинг лимитид" од Кипар. -Според кривичната пријава имовинска корист постои  и за 'Хемслејд' во износ од 1, 2 милиони евра.  Како и за Мила Чупрашковиќ во износ од една милијарда динари, бидејќи од ПЗП 'Ниш' заедно со својата  'Шер корпорација го презел раководењето над претпријатието 'Неметали', а подоцна го продал во износ за околу една милијарда и 800 милиони динари, изјавил Обвинителот. Постои сомневење дека Марко Мишковиќ станал сопственик на 48 посто од акциите на Компанијата за патишта-Ниш за девет милиони евра. Две години подоцна истите акции се продадени на Нибенс корпорацијата, но за 25 милиони евра, бидејќи вредноста на акциите била вештачки покачена од 30 на 110 евра.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени