СРПСКИ ДИПЛОМАТ ИЗБРКАН ОД ХРВАТСКА - Грлиќ Радман: Советникот во Амбасадата на Србија прогласен за персона нон грата
Објавено во: Балкан 21 Ноември, 2023
Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ денеска изјави дека Хрватска презела реципрочна мерка прогласувајќи го советникот на српската амбасада во Хрватска за персона нон грата.
Тој зборуваше за протерувањето на хрватскиот дипломат, прв секретар во Амбасадата на Република Хрватска, Хрвој Шнајдер.
- Прогнозиравме ескалација, но не и таков радикален потег, тоа не е вообичаено - изјави Грлиќ Радман за српското протерување на хрватскиот дипломат, првиот секретар на хрватската амбасада во Србија, Хрвој Шнајдер.
- Одлучивме советникот на српската амбасада во Хрватска да биде прогласен за персона нон грата на Хрватска. Нотата е доставена до амбасадорот и во неа стои дека советникот мора да ја напушти територијата на Хрватска - рече тој.
Тој рече и дека ги отфрлаат основите поради кои хрватскиот дипломат бил протеран од Србија.
- На хрватскиот амбасадор не му беше дадена причина, беше речено дека не треба да се дава причина. Не ги знаеме причините за одлуката, што е дотолку позагрижувачко – рече тој.
Grlić Radman: Djelujemo recipročno, diplomat Srbije persona non gratahttps://t.co/rJAMnzqY9D
— HRT vijesti (@hrtvijesti) November 21, 2023
На прашањето за пишувањата на српските таблоиди дека хрватскиот дипломат бил протеран под обвинение за шпионажа, тој рече: „Не беше протеран од медиумите, туку од Министерството за надворешни работи на Србија. Тие не ги кажаа причините, тие се нашите партнери за комуникација, тоа е релевантно за нас. И други шпекулации, како кому му одговара“.
- Не го очекувавме ова, очекувавме рака од Србија. Србија така постапи, ние само реципрочно одговоривме - рече тој.
Фото: Принтскрин/Твитер* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
СЕ ОГЛАСИ ПЕСКОВ ЗА БУГАРСКИОТ ПОТЕГ: „Тоа е апсурден и глупав став“

БУГАРИЈА НЕМАЛА БИЛАТЕРАЛЕН ПРОБЛЕМ СО МАКЕДОНИЈА: Требале да се исполнат европските вредности

БУГАРИЈА СЕПАК НЕ ГО ПУШТИ АВИОНОТ НА ЛАВРОВ: Причината е Захарова

Србија ја купи наредбата на Хитлер за напад на Кралството Југославија

(ВИДЕО) ЧАДНИ БОМБИ И СОЛЗАВЕЦ: Ветераните на ОВК се против Специјален суд

НАЈСТАРАТА ЌЕРКА НА ВАНЃЕЛ ТАВО ЗАГИНА НА АВТОПАТОТ МАЈКА ТЕРЕЗА - Поранешниот министер на Албанија со трогателна објава

ЦРТЕЖИТЕ НА КОСТА СЕ МРАЧНИ И МОРБИДНИ: Психолозите преку нив го дефинираат момчето

АВИОН НА „ЕР СРБИЈА“ ВРАТЕН ОД СКОПЈЕ: Еве кои се причините
