Српскиoт државјанин Љуљзим Сулејмани и покрај повредите, помогнал во евакуација на патниците
Објавено во: Македонија 23 Ноември, 2021
Српскиoт државјанин, Љуљзим Сулејмани и покрај повредите, помогнал во евакуација на патниците од изгорениот автобус.
Српскиот амбасадор во Бугарија, Жељко Јовиќ го посетил во болница српскиот државјанин Љуљзим Сулејмани, кој утрово беше повреден во тешката автобуска несреќа кај Софија.
„И покрај повредата, помогна во евакуацијата на патниците! Добро се чувствува, редовно ќе го посетуваме“, стои во соопштението на Амбасадата, објавено на Твитер.
Сулејмани од Прешево, е единствениот српски државјанин кој бил во запалениот автобус и е меѓу седумтемина преживеани, пишува српски Курир.
Тој и неговата вереница од Куманово, успеале да се спасат. Тие во моментов се во болницата во Софија.